Поради порастот на размената на стоки меѓу две земји и зголемената побарувачка за транспортни капацитети, пограничен град во државата Тексас ќе стане идно упориште за друмски транспорт за комплетен утовар меѓу Мексико и САД.
Како производна локација, Мексико станува се поважен за автомобилската, челичната и текстилната индустрија во САД. Со нашата нова филијала во Ел Пасо, сега можеме да им понудиме на нашите клиенти транспортни услуги со фокус на комплетен утовар, велат од „Гебрудер Вајс“.
Со околу 700.000 жители, Ел Пасо е шести по големина град во Тексас и важен граничен премин за промет на стоките меѓу Мексико и САД. Градот е поволно лоциран, се наоѓа на меѓудржавната магистрала 10, која ги спојува западниот и источниот брег на САД.
„Гебрудер Вајс“ работи во САД од 2017 година. Од тогаш, континуирано ја шириме својата мрежа. Во следните градови на осум локации пружаме услуги во транспорт и логистика: Чикаго (седиште), Атланта, Бостон, Далас, Ел Пасо, Лос Анѓелес, Њујорк и Сан Франциско, соопштија од компанијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.