Свет

„Баерсдорф“ отвора иновативен центар во Њу Џерси

04 Mar 2022

Како дел од глобалната стратегија за истражување и развој, компанијата за нега на кожа „Баерсдорф“ отвори центар за иновации во Флорам Парк, дел од Њу Џерси.

Како што се наведува во соопштението, новиот центар за иновации ќе ѝ помогне на компанијата да добие дополнителни сознанија за да ги идентификува потребите на потрошувачите. Флорам Парк е дом и на други центри за истражување и развој и има пристап до универзитетски таленти, доставувачи и институт за тестирање.

Новиот објект е еден од двата регионални иновативни центри на „Баерсдорф“ во светот. Првиот се наоѓа во Шангај.

Центарот ќе биде нашата движечка сила во Северна Америка. САД се најголемиот пазар во светот за производи за нега на кожа и заштита од сонце. Интензивното истражување и развој, во комбинација со подобрената позиција во категоријата, се од витално значење за развој на нашиот бизнис во регионот и целосно се во согласност со стратегијата C.A.R.E.+, рече Винсент Ворнери, извршен директор на „Баерсдорф“.

Одделот за истражување и развој работи на формулирање, анализа и процена на ефективноста на производите за нега на кожа. Вработува повеќе од 900 научници од целиот свет.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...