Свет

Dawn со ново шише со патентирана технологија

03 Mar 2022

Dawn EZ-Squeeze воведе ново превртено шише со патентирана технологија без капаче, овозможувајќи му да стои на капачето за полесно да се користи.

Шишињата со детергент за миење садови се едни од најкористените предмети за домаќинството, така што тие треба да бидат лесни за употреба - од првата капка до последната“, рече Герин Меклур, потпретседател за нега на садови за Северна Америка во „Проктер & Гембел“.

Dawn посвети повеќе од пет години, стотици дизајни и илјадници часови тестирање во развојот на Dawn EZ-Squeeze, што го прави еден од најистражените и најригорозно тестираните производи на П&Г во 50-годишната историја на компанијата во категоријата детергент за садови. Дизајнот со една рака на Dawn EZ-Squeeze им овозможува на луѓето лесно да го нанесуваат предвиденото количество детергент директно на садовите со поголема контрола, така што формулата на Dawn за борба против маснотиите може веднаш да почне да работи.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...