Данската бродска компанија „Маерск“ објави дека до крајот на февруари ќе го прекине транспортот на стоки до пристаништата во Украина поради ескалацијата на вооружените конфликти со соседна Русија.
Услугите во Русија сè уште ќе бидат достапни, но одлучивме дека нема да се вкотвиме во пристаништата во Украина до 28 февруари и дека нема да прифаќаме нарачки за испораки до и од Украина до понатамошно известување, соопштија од „Маерск“.
„Маерск“ има две контејнерски товарни рути до Украина, а за претовар го користи пристаништето Пивдениј, на северозападниот брег на Црното Море, на околу 30 километри источно од Одеса.
Компанијата ја затвори и главната канцеларија во Одеса, пристаниште на Црното Море, и нагласи дека сите 60 нејзини вработени во Украина се дома и се безбедни.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.