„Хенкел“ потпиша договор за преземање на работењето на „Шисеидо“ за професионална нега на коса во Азиско-Пацифичкиот регион.
Shiseido Professional е салонски ексклузивен бренд кој нуди производи за професионални фризери за нега на коса, боење и стилизирање на косата, како и решенија за трајни фризури. Аквизицијата ги вклучува брендовите како Sublimic и Primience.
Со проширување на нашиот професионален бизнис во Азиско-Пацифичкиот регион, ќе станеме еден од водечките играчи во овој многу динамичен регион со атрактивен потенцијал за иден пораст, изјави Карстен Кнобел, извршен директор на „Хенкел“.
Како што истакнуваат од „Хенкел“ овој бизнис совршено се вклопува во нивното постоечко портфолио, додавајќи високо комплементарни брендови, истовремено зголемувајќи ја нивната позиција на атрактивниот Азиско-Пацифички пазар.
Значително ќе ја зајакнеме нашата пазарна позиција во Јапонија и Кина, вториот и третиот по големина пазар за професионална нега на коса и важни центри на трендови и иновации, вели Волфганг Кениг, извршен потпретседател за Beauty Care во „Хенкел“.
Професионалниот бизнис за нега на коса на „Хенкел“ нуди широко портфолио на брендови за нега на коса, стилизирање и боја на коса исклучиво за фризери како што се Schwarzkopf Professional, Bonacure, Igora Royal и Authentic Beauty Concept.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.