Свет

Помала заработка за „Унилевер“

16 Feb 2022

Холандско - британскиот гигант „Унилевер“ очекува да има околу 2 милијарди евра трошоци во првата половина од годината поради силниот раст на цените на суровините и енергентите, што ќе влијае врз заработката. 

Впрочем, компанијата ја дели судбината на производителите на стоки за широка потрошувачка кои се „борат“ со растот на трошоците за суровини, енергија, транспорт и работна сила. „Унилевер“ е посебно изложен затоа што се потпира на пазари во развој и на храната, каде инфлацијата е посебно силна. 

Иако компанијата предвидува силен раст на продажбата во тек на оваа година и покрај зголемените цени на своите производи, се очекува остар пад на темелната оперативна маржа, за 1,4 до 2,4 бодови, по падот за 0,1 бод во 2021 година. Маржите би требало да се опорават во најголем дел во 2023 година, а во потполност во 2024 година, проценуваат од „Унилевер“. 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...