Производителот на безалкохолни пијалаци „Кока кола“ објави квартални приходи и профит што ги надмина очекувањата на аналитичарите бидејќи потрошувачите купуваа повеќе од производите на компанијата додека поминуваат повеќе време надвор од дома. Така, резултатите на компанијата за прв пат го надмина нивото пред пандемијата.
Но, гигантот даде пониска прогноза од очекуваното бидејќи очекува повисоката инфлација да продолжи да влијае на профитот во 2022 година. Конкурентот „Пепсико“ издаде слично предупредување до инвеститорите за зголемените трошоци за пакување и транспорт.
Нето - добивката на „Кока кола“ е 2,41 милијарди долари за четвртиот квартал, или 56 центи по акција, во однос на 1,46 милијарди долари, или 34 центи по акција, една година порано. Без некои ставки, компанијата заработи 45 центи по акција, над просечната прогноза на аналитичарите од 41 цент по акција. Нето приходот се зголеми за 10 отсто на 9,46 милијарди долари, над очекувањата од 8,96 милијарди долари. Органските приходи, кои не го вклучуваат влијанието на спојувањата или продажбата на средства, се зголемија за 9% во текот на периодот.
Сегментот со газирани безалкохолни пијалaци бележи зголемување на обемот на продажба од 8 отсто. Coca - Cola Zero Sugar има двоцифрен раст.
Обемот на продадени сокови, млечни и зеленчукови пијалоци е зголемен за 11 отсто.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.