Свет

ЕУ ќе ги менува етикетите на храната

17 Jan 2022

Нови промени доаѓаат од Брисел во означувањето на рокот на траење на прехранбените производи. Европската комисија ќе ги менува ознаките „најдобро да се употреби до“ бидејќи во нив го гледа виновникот што во Унијата 20 отсто од храната завршува во отпад, пишува „Дневник.хр“.

Европската комисија затоа се движи кон промена на ознаките „да се употреби до“ и „најдобро да се употреби до“ бидејќи анкетата покажа дека половина од граѓаните не ја разбираат разликата.

Да се ​​остават, на пример, двете етикети, каде што ‘да се употреби до’ би значело кога храната е безбедна за консумирање и ‘најдобро да се употреби до’ додека квалитетот е оптимален. Исто така се разгледува опцијата целосно да се укине етикетата ‘најдобро да се употреби до’ и да е остави само онаа до кога храната е безбедна за консумирање, изјави Билјана Борзан, пратеничка во Европскиот парламент.

Еден од предлозите е да се прошири листата на долготрајните намирници, како тестенините, кои целосно би биле изземени од означување на рокот на траење, но Италија се противи на такво нешто. Најмалку десет проценти од храната завршила во отпад затоа што потрошувачите погрешно ја разбрале ознаката „најдобро да се употреби до“.

Томислав Сокол, пратеник во Европскиот парламент, рече: во Европската унија 20 проценти од храната се фрлаат без потреба. Значи, од една страна се фрлаат 20 проценти, а од друга, 33 милиони граѓани на ЕУ не можат да си дозволат квалитетен оброк секој друг ден.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...