Четирите најголеми преработувачи на месо во САД, користејќи ја својата сила на тој консолидиран пазар за зголемување на цените на месото и плаќајќи ниски цени на одгледувачите, тројно ги зголемија своите нето - профитни маржи од почетокот на пандемијата, предупредија економските советници на Белата куќа.
Финансиските извештаи на тие компании, кои контролираат меѓу 55 отсто и 85 отсто од американскиот пазар на живина, говедско и свинско месо, се во спротивност со нивните тврдења дека растечките цени на месото се предизвикани од зголемените трошоци на трудот и на транспортот. Економистите ги проучија извештаите на „Тусон фоодс“, најголемиот американски производител на месо по продажба, „Марфриг глобал фудс“, бразилски производител на говедско кој поседува мнозински удел во „Нашионал бееф пакинг компани“ и на компанијата „Сидбоард цорпа“.
Здруженијата на месната индустрија во САД, пак, ја обвинија Белата куќа дека користи само одбрани податоци. Не е случајно што таа анализа се појави истиот ден кога беше објавен индексот на потрошувачки цени кој покажа дека цените на горивата и на енергијата скокнаа речиси 60 отсто во минатите 12 месеци, што е отприлика 10 пати повеќе од стапката на пораст на цените на храната, соопштија здруженијата.
Порастот на цената на месото и на месните преработки сочинува 25 отсто од порастот на цените на храната што домаќинствата ја потрошија во ноември, па последните неколку месеци цената на месото е значителен предизвикувач на растот на инфлацијата во САД.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.