Германскиот малопродажен синџир „Алди Норд“ планира значително ширење на своето работење во Франција, а целта е отворање на 100 нови продавници во 2022 година.
Од компанијата порачаа дека се стремат да станат водечки дисконтер во земјата.
И оваа година, „Алди“ значително го прошири своето присуство на францискиот пазар со преземање на околу 500 продавници и три централни складишта на конкурентот „Лидер прајс“.
Сакаме да станеме прв играч меѓу дисконтерите во малопродажбата. Нашата амбиција е секој потрошувач, каде било во земјата, да може да стигне до продавница на „Алди“ во рок од 15 минути, соопштија од „Алди“ во Франција.
„Алди“ сега 1.300 продавници во Франција и вработува повеќе од 15.000 луѓе.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.