Свет

„Молсон корс“ ќе има нов директор за Европа

08 Nov 2021

Од пиварницата „Молсон корс“ го најавија пензионирањето на Сајмон Кокс (десно на фотографијата), главен извршен директородговорен за работењето на компанијата за Европа. Функцијата на Кокс ќе ја преземе Сергеј Јесков (лево на фотографијата), досегашен директор за Средна и Источна Европа. Одлуката ќе стапи во сила на 1 јануари 2022 година.

Сеопфатното искуство на Сергеј, стекнато низ целиот свет на различни позиции, како и неговиот став дека луѓето секогаш се на прво место, ќе биде одличен придонес не само за нашиот европски тим, туку и за целокупното глобално работење, изјави Гавин Хетерсли, претседател и главен извршен директор на „Молсон корс“.

Јесков е роден во Украина, а во пиварницата работел на раководни позиции во земји низ целиот свет. Пред да биде одговорен за регионот на Средна и Источна Европа, бил претседател на „Молсон корс интернационал“. Во тоа време живее во САД и го надгледува бизнисот во Индија, Африка, Латинска Америка и во Јапонија. Освен тоа, бил и директор за продажба и комерција во Канада, а пред тоа го предводи работењето на „Молсон корс“ во Хрватска и во БиХ.

Сајмон Кокс оди во пензија по повеќе од три децении поминати во пивската индустрија. По професија е мајстор пивар, кој во „Молсон корс“ помина вкупно 16 години. Тој ги предводел тимовите задолжени за снабдување и продажба, потоа бил на стратешка функција во Велика Британија, по што успешно ја презел челната позиција во таа земја. Следното унапредување е на позицијата главен извршен директор за Европа, по што од 1 јануари ќе се пензионира.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...