Ќе се пензионира Симон Кох, претседател и главен извршен директор одговорен за Европа во „Молсон коорс“, најавија од компанијата. Неговата функција ќе ја преземе Сергеј Јесков, досегашен директор задолжен за работењето во средна и источна Европа.
Двете одлуки ќе стапат во сила на 1 јануари 2022 година.
Искуството на Сергеј Јесков, стекнато ширум светот и на различни позиции, како и неговиот став дека луѓето секогаш се на прво место, ќе биде сјаен придонес не само за нашиот европски тим, туку и во вкупното глобално работење, соопштија од „Молсон коорс“.
Јесков е роден во Украина. Претходно бил претседател и главен извршен директор на „Молсон коорс интернационал“ при што го надгледувал работењето во Индија, Африка, Латинска Америка и Јапонија, како и на бројни други пазари ширум светот. Бил и директор за продажба и комерција во „Молсон коорс Канада“, а пред тоа го предводел работењето на компанијата во Хрватска и во БиХ.
Симон Кох оди во пензија по повеќе од три децении поминати во пивската индустрија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.