Свет

„Проктер & Гембл“ ги направи рекламите пристапни и за луѓето со оштетен слух

19 окт 2021

„Проктер & Гембл“, компанијата во чие портфолио се брендови како Gillette, Pantene и Fairy, креира своја содржина на рекламите со цел да ги направи попристапни и разбирливи и за луѓето со оштетен слух. Од компанијата соопштија дека целта на овој потег е да обрнат внимание на овој проблем и да придонесат за поинклузивен свет. 

Почнувајќи од јули годинава, „П & Г“ воведе титлови (печатен текст) во рекламите за да им овозможи на луѓето со различни нивоа на оштетување на слухот пристап до истите информации како и сите останати потрошувачи. Првите „П & Г“  брендови кои лансираа титлувани телевизиски реклами беа Always, Fairy и Lenor. Во моментов, 50 отсто од „П & Г“ рекламите во соседна Србија се титлувани.  

Сакаме да им заблагодариме на нашите партнери, телевизиски станици и агенции. Единствен начин на кој ќе успееме да го направиме нашиот свет повеќе инклузивен е ако сите клучни заинтересирани страни во оваа индустрија ги здружат силите. Само што почнавме да го одиме патот, но одлучни сме во тоа да продолжиме во напорите да бидеме сила на растот и да го предводиме примерот, повикувајќи ги и другите да се приклучат да дејствуваат на истиот начин, соопштија од одделот на „Проктер & Гембл“ за југоисточна Европа. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...