Свет

Аргентина ги замрзна цените на храната во следните 90 дена

15 Oct 2021

Аргентинската Влада соопшти дека постигнала договор со компаниите од малопродажбата да ги замрзнат цените на повеќе од 1.000 прехранбени производи и производи за домаќинство во следните 90 дена, со цел да се спречи инфлацијата.Британските медиуми забележуваат дека аргентинската економија закрепнува од повеќегодишната рецесија и дека цените се зголемуваат за речиси 50 проценти годишно.

Мораме да ја запреме лавината за храната да не ја ограничи куповната моќ на работниците, изјави државниот секретар за внатрешна трговија Роберто Фелети.

Кошничката со основни прехранбени производи изнесуваше девет проценти од просечната плата во декември 2019 година и 11 проценти при последното мерење, истакна Фелети.

Економската состојба може сериозно да влијае на политичката ситуација во земјата. Левоцентристичката влада претрпе удар на прелиминарните избори во септември, а гласачите ќе излезат на гласање за Конгресот на 14 ноември.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...