Свет

СТО: Зголемени прогнозите за раст на глобалната трговија со стоки

05 Oct 2021

Светската трговска организација (СТО) ги зголеми прогнозите за раст на глобалната трговија со стоки за оваа и следната година, но предупреди за нерамномерно закрепнување и негативни ризици поради пандемијата на Ковид-19 и проблеми во синџирот на снабдување.

Како што соопшти глобалниот трговски регулатор, по падот од 5,3 проценти во 2020 година, се очекува раст на трговијата за 10,8 отсто оваа година. Во март годинава, СТО предвиде раст за тековната година од осум проценти.

Според нив, растот на глобалната трговија ќе забави до 4,7 проценти во 2022 година.

Сепак, таа стапка е над проектираниот раст од четири проценти од претходната прогноза на Светската трговска организација, што значи дека светската трговија се приближува кон долгорочниот тренд пред пандемијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...