Свет

„Данон“ ќе скрати помалку работни места отколку што планираше

04 Oct 2021

Француската прехранбена групација „Данон“ ги смени своите планови за реструктурирање. Се проценува дека сега вкупниот број на работни места ќе се намали за 1.600 од претходно најавените 2.000.

Најголемата светска компанија за производство на јогурт - „Данон“ го претстави планот за реорганизација во ноември 2020 година, со цел да стане посилна и поагилна. Целта беше да се заштедат 1,18 милијарда долари годишно до 2023 година.

Но, во меѓувреме компанијата го смени извршниот директор и сега на оваа позиција е Антоан Бернард де Сент-Африк. Тој најави целосна обнова на Управниот одбор.

Како што објавија француските медиуми, сега планот за отпуштање на вработените ќе се однесува за речиси 1.600 работни места, на глобално ниво. Тие нема да бидат вработени од погоните, туку раководители, асистенти и вработени во секторот за продажба.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...