Свет

Празни магацините во Европа, недостигаат возачи на камиони

27 Sep 2021

На Европа и недостасуваат дури 400.000 возачи на камиони, поради што нема кој да ги наполни магацините на трговците и да им ги достави компонентите неопходни за производство на претприемачите. Како резултат на тоа, во европските земји и САД, некои стоки повремено исчезнуваат на полиците на продавниците, а фабриките бележат застој.

Проблемот се влошува од месец во месец, се вели во алармантниот извештај на „Транспорт интелиџенс“.

Меѓу најпогодените е Обединетото Кралство, каде недостасуваат околу 100.000 возачи, особено по „Брегзит“ и тешкото пристигнување на странски работници. Трговците на мало очекуваат се повеќе проблеми во снабдувањето, плашејќи се дека нема да можат целосно да ја задоволат зголемената побарувачка на клиентите, особено во пресрет на божиќните празници. Многу ресторани за брза храна не беа во можност да ги добијат сите потребни намирници во последните денови, пишуваат британските медиуми.

Во меѓувреме, државите прибегнаа кон привремени решенија. За да се ублажи недостатокот на возачи на камиони, властите во Холандија потпишаа договор со војската за вработување на возачите. Властите во Германија и Велика Британија планираат да понудат управување со камиони на воените ветерани, кои во моментов се невработени.

Имено, потребата за превоз на стоки за време на пандемијата, во споредба со растот на е-трговијата и закрепнувањето на економијата, значително се зголеми. Од друга страна, бројот на достапни возачи – 55 во просек во Европа – постојано се намалува.

Според „Фајненшл тајмс“, трговската сезона пред Божиќ ќе биде загрозена. 

Недостатокот на возачи на камиони ќе се пренесе до следната година. Идната година економијата ќе има уште поголема штета отколку денес. Недостатокот на возачи достигна критична точка и ќе се влоши, и покрај тоа што се спроведуваат многу стратегии, проценува „Транспорт интелиџенс“.

Најголем недостаток на возачи на камиони во Европската унија е забележан во Полска, на која и недостасуваат 120 илјади или 37 проценти. Германија е исто така во тешка ситуација со недостиг од 60.000 возачи. Дури и пред пандемијата, на Франција и недостасуваа 40.000 од нив, а денес недостатокот е уште полош. Само во САД, бројот на возачи на камиони оваа година е намален за речиси 10 проценти, додека во азиските земји недостасуваат околу 20 проценти. Бидејќи никој не очекува брзо решение на проблемот, аналитичарите велат дека едно е сигурно: недостатокот на возачи на камиони, заедно со голем број други недостатоци, ќе ги зголеми трошоците за превоз на стоки, а со тоа и цените во продавниците.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...