Свет

„Алибаба“ дава 15,5 милијарди долари за „заеднички просперитет“

07 Sep 2021

Кинескиот технолошки гигант „Алибаба“ ќе ги поддржи со 100 милијарди јуани (15,5 милијарди долари) напорите на државата и претседателот Си Џинпинг за постигнување „заеднички просперитет“ на сите граѓани.

Според Си -Ен -Ен, компанијата најави дека ќе инвестира неверојатна сума пари до 2025 година, а како приоритетни цели ги наведе: иновациите во технологијата, економскиот развој, „висококвалитетно вработување“, поддршката за ранливите групи и формирањето специјален фонд за развој Танјуг.

Компанијата исто така идентификуваше 10 специфични задачи што планира да ги постигне, почнувајќи од зголемување на технолошките инвестиции во помалку развиените региони во земјата, преку подобрување на благосостојбата на работниците во економијата, до работа за забрзување на порастот на малите бизниси и земјоделството.

„Алибаба“, исто така, ќе формира „Работна група за унапредување на просперитетот“, со која ќе раководи претседателот и извршниот директор на компанијата, Даниел Џанг.

„Алибаба“ имаше корист од силниот социјален и економски напредок на Кина во последните 22 години. Цврсто веруваме дека ако општеството и економијата стојат добро, компанијата исто така ќе биде добро, рече Џанг во изјавата, додавајќи дека компанијата сака да го даде својот дел од придонесите за поддршка на постигнувањето заеднички просперитет преку висококвалитетен развој.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...