Свет

Heinz им помага на шпанските производители на домати

06 Sep 2021

За да им помогне на локалните производители од Шпанија да испорачаат околу 150 тони домати, компанијата „Крафт-Хајнц“ одлучи да го купи целиот нивни род и да произведе специјално лимитирано издание кечап.

Локалните производители вообичаено испорачуваа колкаво количество домати за познатата битка со домати „Ла томатина“, која традиционално се одржуваше во шпанскиот град Буњол, последната среда од август.

Сепак, и годинава шпанскиот град не беше домаќин на „Ла томатина“. Поради епидемиолошките мерки, организаторите проценија дека е невозможно да се одржи фестивал на кој повеќе од 20.000 посетители се маваат со презреани домати.

Критичарите на фестивалот, кои ги повикуваа организаторите за бесрамно трошење храна, овие две години може да здивнат, но тоа не може да се каже и за земјоделците, за кои фестивалот значително го пополнуваше годишниот буџет.

Минатата година „Крафт-Хајнц“ го зголеми откупот на домати од шпанските производители за 50%, а освен што лансира шишиња кечап La Tomatina, компанијата донираше и средства за земјоделците.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...