Бројот на бакаларите во западниот дел од Балтичкото Море е намален до тој степен, што закрепнувањето во блиска иднина е малку веројатно, предупредуваат експерти.
Како главни причини за загрозеноста на бакаларот се наведуваат прекумерниот риболов и климатските промени.
Научниците од Центарот за истражување и одржливост на Земјата при Универзитетот во Хамбург, предводени од професорот Кристијан Молман, ги анализираа податоците за риболов во тој регион во текот на изминатите неколку децении. Во истражувањето учествуваа и научници од Килскиот универзитет и од Германскиот центар за интегративно истражување на биолошката разновидност.
Според добиените податоци, прекумерниот риболов во комбинација со загревањето на морската вода предизвикува намалена репродуктивна способност кај рибите, така што сѐ помалку јајца преживуваат.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.