Шкотскиот производител на виски „Гленфидих“ користи отпадни продукти од процесот на дестилација на виски како гориво за својата камионска флота.
„Гленфидих“ продава повеќе од 14 милиони шишиња вискија годишно. За да ги намали емисиите на јаглерод, почна да ги префрла камионите за испорака од конвенционални горива на биогас со ниска емисија. Компанијата инсталира пумпи за биогас во нејзината дестилерија во Дафтаун, на североисток од Шкотска, кои се специјално дизајнирани да ги претворат отпадните производи од процесот на правење виски во ултраниско карбонско гориво.
Дестилеријата тврди дека биогасот ги намалува емисиите на СО2 од камионите за повеќе од 95%, а другите штетни честички и емисиите на стакленички гасови се намалени за 99% во споредба со возилата за испорака што користат дизел како гориво.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.