Свет

ЕУ воведува строги стандарди за олово и кадиум во храната

31 Aug 2021

ЕУ воведува строги стандарди кога станува збор за олово и кадиум во храната во склоп на поширок план за превенција од канцер. 

Новите ограничувања веќе се применуваат од пред два дена и се однесуваат на храна за бебиња, зачини, вино и сол. Од вчера, новите ограничувања важат и за  овошје, зеленчук и жито. 

Во рамки на настојувањето да се подобри здравјето преку пристап кон здрава исхрана и физичка активност од Европскиот план за борба против канцер, одлучивме дополнително да го намалиме присуството на можни канцерогени супстанции во храната, изјави Стела Кариакидес, евро-пратеничка за здравје. 

Новите стандарди се темелат на новите податоци кои покажуваат дека не постои праг под кој може со сигурност да се исклучи нивното штетно влијание врз човековото здравје. Висока стапка на олово е детектирана во алгите, рибите, морските плодови и во додатоци на исхраната. 

И Европската агенција за сигурност на храната исто така неодамна искажа загриженост дека изложеноста на оловото во храната може да влијае врз невролошкиот развој на фетусот, новороденчето и детето. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...