Свет

„Асда“ нуди ваучери за да ја поттикне вакцинацијата на младите

19 Aug 2021

Британскиот трговец „Асда“ ќе дели ваучери во износ од по 10 фунти за купување облека во нивната подружница George за лицата на возраст од 18 до 30 години, со цел да ги поттикне младите на вакцинација. 

Ваучерите ќе бидат достапни на местата за вакцинација од 23 август и ќе важат до 31 октомври 2021 година. 

Трговскиот синџир беше еден од првите во Велика Британија кој отвори центри за вакцинација во јануари годинава и оттогаш во тие центри се дадени преку 90.000 вакцини. 

„Асда“ оваа иницијатива ја спроведува со компаниите „Деливероо“, „Ластминут“ и „Нашионал експрес“, кои исто така нудат одредени подароци за да ги поттикнат луѓето на вакцинација. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...