Свет

Шведска: Произведено првото млеко од компир во светот

10 Aug 2021

Шведската компанија „Вег оф лунг“ произведе млеко од компир, прво во светот, и го претстави под брендот Dug. 

Оваа веганска алтернатива содржи и протеини од грашок, масло од репка, прав од пченка, ориз, компиров скроб и пченица. Збогатено е со витамини Д, Б12 и фолна киселина. Асортиманот на производителот не содржи лактоза, соја, глутен, па можат да го пијат и луѓето кои се алергични на овие состојки. иако од мај годинава производот беше достапен само во матичната Шведска, од овој месец преку „Амазон“ можат да го нарачаат и потрошувачи од други земји. 

Тоа што конкретниот „млечен производ“ го издвојува од останатите на растителна основа, е неговата одржливост - и тоа благодарејќи на компирот. Компирот има низок еколошки отпечаток, проценет на  0,27 do 0,31 CO2 за килограм. Исто така, потребни се и помали земјоделски површини за негово одгледување во споредба со овесот. Во неговото производство се користи 56 пати помалку вода отколку за производство на бадемовото млеко.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...