„Лидл“ - Белгија воведе ознака Еco - Score на стотина прехранбени производи, со што се даваат информации за влијанието на овие производи врз животната средина.
Во почетокот, оваа нова ознака ќе ја има на производите од приватна трговска марка, како што се млечни производи, чај и кафе. Иницијативата беше покрената за на купувачите да им се овозможи одржливо купување. Овој систем го презедоа 171 продавница на „Лидл“.
Eco - Score е независен метод за проценка на одржливоста на производот. Ознаката е нивелирана во распон од темнозелена „А“ (слабо влијание) до црвено „Е“(големо влијание). Параметрите на основа на кои се доделува оваа ознака зависат од неколку фактори како што се сертификација, потекло или пакување и слично. На овој начин купувачите можат да одберат одржливо купување.
До 2025 година, „Лидл“ планира да воведе поголема транспарентност кон купувачите за општественото, еколошкото и здравственото влијание на своите производи и да им помогне да носат подобри одлуки при изборот на производите.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.