Трговскиот синџир „Карфур“ склопи партнерство со задругата „Ла Мелба“, која ја сочинуваат производители на бадеми од регионот Источни Пиринеи.
Француската малопродажна групација има цел да ги поддржи производителите да преминат на органско производство.
Годишно во Франција се трошат повеќе од 40.000 тони бадеми, од кои 98 отсто се увезуваат. Новото партнерство ќе му овозможи на синџирот да понуди во продавниците и повеќе локални производи.
Се очекува бројот на органски одгледани бадеми да се зголеми од 3 хектари во 2020 година на 17 во 2024 година.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.