Свет

(ВИДЕО) Corona турнир во риболов на пластика

21 Jul 2021

Пивскиот бренд Corona неодамна одржа необичен настан – „Турнир во риболов на пластика“.

Мексиканското пиво веќе долго време се поврзува со животот во морскиот свет, но поради климатските промени и загадувањето, овој природен амбиент се наоѓа под закана. За да придонесе за подобрување на ситуацијата, Corona го организира првиот турнир во риболов на пластика, со кој ги предизвика локалните риболовци да влезат во морето и да ја извадат пластиката.

Во настанот учествувале 80 риболовци, натпреварувајќи се кој ќе има најголем улов. За еден ден тие заедно извлекле повеќе од 3 тони пластика од морето. Најуспешниот риболовец уловил околу 370 килограми и добил награда од 742 долари, што е еднакво на просечните месечни примања на еден мексикански риболовец.

Извлечената пластика е преземена од најголемата компанија за рециклирање во државата, „Мехико ресикла“. Таа ќе биде рецилирана во риболовна опрема, а во меѓувреме се работи и на формализирање на договор за континуирана соработка меѓу компанијата и риболовците.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...