Во продавницата на „Амазон“ во Белви ќе може да се изврши плаќање со поставување на дланката над посебен скенер, без потреба од користење готовина, картичка или мобилно плаќање.
„Амазон“ е пионер во интернет трговијата која на милиони луѓе им ги отвори вратите за он-лајн шопинг, а последните години компанијата развива технологија со која сака да го промени и искуството на купување во физички продавници. Така, веќе отворија повеќе продавници во кои сакаат да го променат и искуството на купување и во физичките продавници.
Станува збор за продавници во кои нема каси и во кои купувачите после пријавата со своите податоци можат да си земат производи од полица и да си излезат без класично плаќање. Наместо тоа, камерите и сензорите следат се што купуваат и по излегувањето од продавницата парите за купените производи се одбиваат од нивната сметка поврзана со профил на „Амазон“.
Технолошкиот гигант сега сака да го смени и начинот на кој се купува во класичните продавници и за неделава го најавија отворањето на првата продавница во градот Белви во која ќе може да се користи нивната технологија Just Walk Out. Таа технологија, слично како и продавниците без каси, ќе им овозможат на купувачите брз шопинг и излегување од продавница без чекање во редици, при што сметката може да се плати со скенирање на дланка.
Како што се пофалија од „Амазон“, досегашните тестирања се покажале фантастични и купувачите биле одушевени од технологијата која им штеди време, но и ги намалува контактите со други луѓе, што на многумина им е битно во оваа пандемиска доба.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.