„Фортрес инвестмент груп“ ги купи супермаркетите „Морисонс“ за околу 6,3 милијарди фунти (8,7 милијарди долари), потенцијално предизвикувајќи жестоки наддавања за еден од најголемите синџири маркети во Велика Британија.
Групата, предводена од „Фортрес“, подружница на групацијата „СофтБанк“, уште од мај разговараше со „Морисонс“, четвртиот по големина синџир во Велика Британија и има дадено пет понуди во текот на овој период. Од „Фортрес“ ветија дека ќе го поддржат неодамнешното зголемување на платите во продавниците за храна, како и пензиите и плаќањето во договорите со добавувачите.
Извршните директори на „Морисонс“ веруваат дека понудата е фер цена за акционерите, соопштија од синџирот супермаркети.
„Фортрес“ работи како независна инвестициска компанија. Нејзиниот сопственик „СофтБанк“ неодамна направи значајни инвестиции во Велика Британија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.