Францускиот трговски синџир „Касино“ најави продолжување на соработката со компанијата за достава „Деливеро“ на уште две години. Во план е ширење на услугата во уште поголем број француски градови.
како што соопштија од „Касино“, оваа соработка има за цел да им овозможи на купувачите од платформата „Деливеро“ за помалку од 30 минути да ги добијат производите од маркетите на „Касино“. Услугата моментално е достапна во 500 продавници, а во план е ширење на услугата на 1.500 продавници. На купувачите им е достапен асортиман од преку 2.000 производи.
На почетокот од 2020 година, услугите на „Деливеро“ станаа достапни во сите маркети кои работат во рамки на „Касино“ групацијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.