Свет

„Карфур“ почна програма за поддршка на земјоделците

02 Jul 2021

„Карфур“ почна програма наречена „Цена на резистентни плодови“ за поддршка за француските земјоделци, по невидениот мраз во април оваа година.

За да им помогне на производителите да ги продаваат производите, трговецот нуди избор на овошје по откупна цена од 29 јуни до 19 септември, вклучувајќи кајсии, нектарини, праски и сливи, кои се произведуваат во Франција.

Целта на оваа акција е да го поддржи француското производство во продавниците и да ги запознае потрошувачите со состојбата на земјоделците.

Во април годинава Франција беше погодена од рекордно ниски температури (под нулата неколку дена по ред), што влијаеше на земјоделското производство.

Француската влада вети една милијарда евра финансиска помош за земјоделците кои беа најтешко погодени од неочекувано студеното време.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...