Свет

„Крафт Хајнц“ купува турска компанија

17 Jun 2021

„Крафт Хајнц“ ја купува турската компанија „Асан фудс“ за 100 милиони долари, од досегашниот сопственик, конгломератот „Кибар Холдингс“. Новата инвестиција ќе помогне за ширење на брендовите на „Крафт Хајнц“ во Турција и пошироко. 

Се очекува дека договорот ќе биде комплетиран во втората половина на годината. 

„Асан фудс“ има седиште во Истанбул и објекти за производство во западна Турција. Нуди широк асортиман на производи вклучувајќи кечап, мајонез, сосови за тестенина и месо. Производите се продаваат под брендовите Colorado, Kingtom и Oba во Турција, а се продаваат во уште 50 држави на четири континенти. Од 2019 година, „Асан фудс“ е сертифициран партнер на „Крафт Хајнц“ со што американската компанија обезбеди можност да ја прошири работата ширум Европа, на блискиот Исток и во Азија. 

Претставниците на „Крафт Хајнц“ веруваат дека „Асан фудс“ го носи најдобрите локални иновации во производството на сосови и производи од патлиџан и е значајна дистрибутивна мрежа во брзо растечко опкружување.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...