Свет

Европа го намали производството на пластика

11 јун 2021

Годишното производство на пластика во Европа опадна за 5,1 отсто поради пандемијата, и главно поради помалата побарувачка на пластика во секторот производство на амбалажа и во автомобилската индустрија. 

Европското здружение на производители на пластика соопшти дека во Европа во 2020 година се произведени 55 милиони тони пластика, три милиони тони помалку отколку во 2019, што е директна последица на пандемијата. Според податоците Евростат, производството на пластика во 2020 година е намалено за 5 отсто во однос на 2019 и е на најниско ниво по 2014 година, соопштија од здружението. 

На падот на побарувачката најмногу влијаеше намаленото производство во два главни сектори во кои се користи пластика - амбалажната и автомобилската индустрија. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...