Свет

„Лидл“ го проширува асортиманот на климатско неутрални производи

09 Jun 2021

„Лидл“ - Германија го проширува својот климатско неутрален асортиман со нови производи за нега на тело и средства за чистење. 

Трговецот, под своите трговски марки, меѓу кои се Cien и W5,ќе понуди алтернативи кои се „пријателски настроени кон потрошувачите“.  

Емисијата на стакленички гасови ќе биде намалена во тек на производството, пакувањето, превозот и одлагањето по пат на признати сертифицирани проекти за заштита на животната средина. Исто така, „Лидл Германија“ поддржува изградба на соларен парк во Индија и проекти за пошумување во Уганда, соопштија од „Лидл“ - Германија. 

Групацијата веќе во понудата има и климатско неутрални производи во рамки на својот вегански бренд Vemondo. Производите на пакувањето имаат етикета „климатски неутрално“. Постепеното ширење на климатски неутралниот асортиман е дел од политиката на „Лидл“ за намалување на емисиите на јаглероден диоксид.  

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...