Свет

Нови ознаки за рециклирање на пакувањата

08 Jun 2021

Во Велика Британија беа лансирани нови ознаки на пакувањата, со кои полесно ќе се убедат потрошувачите да ги надополнуваат или да ги враќаат амбалажите во маркетите.

Новите етикети се поддржани од сите поголеми трговци и доставувачи.

Шемата за рециклирање е развиена со помош на Универзитетот „Шефилд“ и има цел да даде значителен придонес во војната против пластиката. Постојат три варијанти на етикетата: „Врати го на полнење“, „Надополни го во продавница“ и „ Надополни го дома“. Унифицираните етикети имаат цел да им овозможат на потрошувачите полесно да разберат што да прават со амбалажата и да донесат посвесни одлуки.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...