Финансиските власти на Австрија запленија 26 возила на онлајн гигантот „Амазон“ поради даночен долг.
Истрагата почна во февруари минатата година, кога финансиската полиција изврши проверка во новоотворениот дистрибутивен центар на „Амазон“ во Гросеберсдорф и притоа, кај 130 логистички компании/претприемачи беа востостановени низа кршења на закони и неплаќање на социјални обврски. Само кај една компанија која испорачува пакети за „Амазон“ беа утврдени 48 кршења на закони и неисполнување финансиски обврски, а поради неплаќање казни настанале трошоци во висина од 358.000 евра. Бидејќи компанијата не ги уплатила парите, финансиските власти спровеле детална акција. Утврдено било дека сите возачи редовно ги оставаат возилата на паркинг наспроти дистрибутивниот центар на „Амазон“. На тој паркинг Министерството за финансии заплени 26 релативно нови мали камиони и комбиња.
Покрај тоа, на „Амазон“ му е пратено барање за заплена на сите средства од компанијата чии возила беа одземени. Големите интернет-концерни особено профитираа од ковид кризата и ние од нив доследно ќе бараме одговорност во борбата за фер услови со конкуренција, соопштија автсриските власти.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.