„Алибаба“, водечката кинеска платформа за трговија преку интернет, ја објави првата квартална загуба во бизнисот откако дебитираше на берзата во 2014 година, што е последица на високата казна за монопол наметната од страна на државните регулатори на конкуренцијата.
Според изјавата од „Алибаба“, загубата во работењето изнесува 7,66 милијарди јуани (1,18 милијарди американски долари) во четвртиот квартал од фискалната година на компанијата, што заврши на 31 март, како резултат на споменатата казна. Ова е првпат „Алибаба“ да покаже загуба во работењето како компанија со која се тргува јавно на берзата.
Меѓутоа, доколку се исклучи казнениот ефект, оперативната добивка би била 10,56 милијарди јуани (1,63 милијарди долари), што е за 48% повеќе од претходната година.
Вкупните приходи на компанијата, сепак, ги надминаа прогнозите на пазарот, достигнувајќи 187,39 милијарди јуани (28,6 милијарди долари) и се за 64 проценти повисоки отколку во кварталот од претходната година.
Заработката по акција беше 10,32 јуани (1,58 американски долари) во споредба со проценетите 11,12 јуани по акција, што претставува зголемување за 12 проценти во однос на минатата година.Само во март годинава, „Алибаба“ забележа нето загуба од 5,47 милијарди јуани (околу 848 милиони американски долари), додека играчите на пазарот очекуваа нето добивка од 6,95 милијарди јуани (нешто помалку од 1,1 милијарда долари).
Проблемите на „Алибаба“ започнаа во ноември минатата година кога кинеските регулатори ја одзедоа лиценцата за дебито на берзата на Ант Груп, филијала за финансиска технологија и плаќања на „Алибаба“, во износ од 34,5 милијарди долари.
Оттогаш, „Алибаба“ вредна повеќе од 240 милијарди долари е избришана на берзата, а компанијата исто така мораше да плати огромна казна од 18,23 милијарди долари (2,8 милијарди долари) како резултат на истрагата за монопол во Кина.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.