Германското тело за конкуренција на пазарот денеска соопшти дека покренало истрага за онлајн гигантот „Амазон”.
Причината се потенцијални „антиконкурентски практики”, повикувајќи се на новиот закон што на регулаторот му дава поголема моќ во контролата на големите технолошки компании.
Прво проверуваме дали „Амазон” е од првостепено значење за конкуренцијата на пазарот, изјави шефот на контролното тело, Андреас Мунд, додавајќи дека според новиот закон, регулаторот може „да преземе рани мерки против „Амазон” и да ги забрани неговите можни антиконкурентски постапки”.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.