Свет

„Реве“ тестира технологија „Pick & Go“

12 May 2021

Германскиот трговец „Реве“ почна со тестирање на технологијата „Pick & Go“ на едно продажно место во Келн.

Технологијата „Pick & Go“ им овозможува на купувачите да купуваат производи и да плаќаат преку апликација, без никаков контакт со наплатната каса.

Како и во продавниците на „Амазон“ со сличен концепт, на потрошувачот му е потребен само мобилен телефон, преку кој ќе го изврши целиот процес на купување. Во случај на какви било поплаки, сè може да се реши преку мобилната апликација.

Купувачите што ќе го изберат овој начин на купување, ќе можат да купуваат овошје и зеленчук, смрзнати производи и други основни прехранбени производи.

Од трговскиот синџир „Реве“ посочуваат дека ќе го задржат традиционалниот начин на купување во продавниците, односно плаќањето на каса. Концептот „Pick & Go“ во поголемиот дел од продавниците на „Реве“ е во план да почне да се применува летово.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...