Свет

Plasmon воведува амбалажа што може да се рециклира

10 May 2021

„Плазмон“, италијански производител на храна за бебиња, сопственост на „Крафт-Хајнц“, го претстави првото пакување на храна за бебиња во светот, што може во целост да се рециклира.

Производот Squeezer and Taste, отсега ќе биде достапен во амбалажа направена од полипропилен, материјал што може целосно да се рециклира.

Токму пакувањето на Plasmon ќе стане дел од циклусот на циркуларна економија, бидејќи поради неговата разградливост, од оваа полипропиленска амбалажа по рециклирање ќе се создадат целосно нови предмети.

Компанијата посочува дека целта е целосно да се префрли на овој вид пакување до 2025 година. Резултатот за една година, како што е најавено, ќе биде таков што дури 270 тони пластична амбалажа ќе станат нови производи во различни индустрии.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...