Свет

Јацек Олчак нов генерален директор на „Филип Морис интернешнл“

07 May 2021
На годишното акционерско собрание што се одржа на 5 мај 2021 година за нов генерален директор на „Филип Морис интернешнл“ (ФМИ) назначен е Јацек Олчак.
 
Тој досега ја извршуваше функцијата главен оперативен директор. Истовремено Олчак е избран и за член на Управниот одбор. Досегашниот извршен директор Андре Каланцопулос, кој ја извршуваше таа позиција од 2013 година, е избран за претседател на Управниот одбор на компанијата.
 
При преземањето на функцијата, Олчак се обврза на забрзана транзиција кон производи без чад што почна во 2016 година. Компанијата е фокусирана на развој, научна валидација и одговорна продажба на производи без чад кои се помалку штетни од пушењето, кон целта да се заменат цигарите со овие производи.
 
За мене е голема чест и задоволство да го водам ФМИ на патот на забрзана трансформација во компанија што нуди производи без чад. ФМИ е лидер во научна иновација и нашата амбиција е до 2025 година, повеќе од половина од нето приходите да доаѓаат од производи без чад, изјави Олчак.
 
Олчак (56) ја почна кариерата во ФМИ во 1993 година. Прво беше на различни позиции во секоторот за  финансии и во генералениот менаџмент низ Европа, вклучително позиции директор на ФМИ за Полска и Германија и претседател на регионот на Европската Унија, пред да биде назначен за главен финансов директор во 2012 година. Тој ја извршуваше оваа функција до 2018 година, кога стана главен оперативен директор. Магистрирал економија на Универзитетот во Лоџ во Полска.


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...