Малопродажниот синџер „Мигрос“ воведе нов систем со кој потрошувачите можат да собираат пластичен отпад дома и да го враќаат во еден од 40 или повеќе објекти во регионот на Луцерн.
„Мигрос“ - Луцерн нуди пластични кеси за собирање, достапна во три големини - 17 литри, 35 и 60, во која потрошувачите можат да собираат пластичен отпад пред да ја вратат кесата во продавницата.
Доколку купувачите добро ја прифатат шемата и биде доволно успешна во оваа „прва фаза“, „Мигрос“ вели дека ќе ја разгледаат можноста за воведување на собирање пластика на овој начин и во други региони, низ цела Швајцарија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.