Свет

„Хајнекен“ планира производство без испуштање јаглерод диоксид

16 Apr 2021
Холандската пиварница „Хајнекен“ сака да постигне производство без јаглерод диоксид до 2030 година, со што ќе ја исполни целта за ограничување на глобалното затоплување на помалку од 1,5 степени целзиусови, како што е предвидено со Парискиот климатски договор.
 
Со зголемување на енергетската ефикасност, компанијата ќе ги намали емисиите и ќе го забрза преминот кон обновливи извори на енергија.
 
Компанијата исто така посочува дека сакаат да соработуваат со доставувачи во целиот синџир на снабдување со цел да се намалат емисиите на јаглерод диоксид. „Хајнекен“ ќе работи со сите засегнати страни за да се осигура дека целиот синџир на снабдување е без јаглерод до 2040 година.


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...