Кинеските власти му изрекоа глоба од 18,2 милијарди јуани (2,78 милијарди американски долари) на кинескиот гигант за електронска трговија „Алибаба“ за злоупотреба на доминацијата на пазарот, објавија кинеските медиуми.
Казната е резултат на истрагата против „Алибаба“ во декември минатата година.
Власта во Кина ја засили контролата над најголемите кинески интернет компании и компании за онлајн трговија и ги предупреди да не ја користат својата доминација во овој сектор за да ја задушат конкуренцијата.
„Алибаба“ е најголемата светска компанија за трговија преку интернет во однос на продажба на стоки преку своите платформи.
Акциите на компанијата паднаа вчера за 2,16% на 223,31 долари по акција.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.