Свет

Нова аквизиција на „Дијаџио“

08 апр 2021

Најголемиот производител на алкохолни пијалци „Дијаџио“ ја презеде британската крафт-дестилерија „Чејс“.

Финансиските детали од договорот сѐ уште не се познати.

Со оваа аквизиција „Дијаџио“ во портфолиото ја добива вотката Chase Original, но и седум врвни џина, меѓу кои и „бисерите“ на крафт-дестилеријата: Chase GB, Pink Grapefruit & Pomelo и Rhubarb & Bramley Apple.

Воодушевени сме што можеме во портфолиото да ги додадеме овие извонредни производи на дестилеријата „Чејс“, бидејќи тоа се висококвалитетни пијалаци. Соработуваме со нивниот тим од експерти за дополнително да ги развиеме и унапредиме производите, изјави Дајалан Најаџер, директор за британскиот пазар во „Дијаџио“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...