Свет

Нарушени светските синџири за набавки

26 Mar 2021

Брод кој се насука во Суецкиот канал дополнително ги наруши светските трговски за набавки, кои и така се соочуваа со доцнење на испораката на производите до потрошувачите, откако пандемијата го „исфрли“ од рамнотежа логистичкиот сектор. 

Компаниите за логистика со месеци балансираат меѓу огромните тешкотии во движењето поради вирусот и силниот пораст на побарувачката, што создава логистички „тесни грла“ ширум светот. 

Најновиот предизвик е токму насуканиот 400-метарски брод “Евер грин“ во Суецкиот канал, кој го блокираше транзитот на повеќе од 30 бродови за контејнерски превоз. Блокадата е на еден од главните патишта на светската трговија. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...