Свет

Германија: Потрошувачката на месо најниска во последните 30 години

25 Mar 2021

Потрошувачката на месо по глава на жител во Германија во 2020 година падна на најниско ниво во последните 30 години, покажаа податоците на германскиот Сојузен центар за земјоделство. 

Потрошувачката на 57,3 килограми по жител лани е за 750 грама помала од годината претходно. Потрошувачката на свинско месо падна за 940 грама по глава на жител, што е најсилен пад во сите категории месо. Конзумирањето на голедско и телешко е намалено за по 40 грама. Се смета дека на намалувањето влијае свеста на граѓаните за производството на месо врз околината и тоа што вегетаријанството станува се порасширено низ земјата. 

Лани паднало и производството на месо - во 2020 година Германија произвела 8,5 милиони тони, што е за 1,6 отсто помалку отколку во 2019 година.  

Извезено е нешто помалку од 453 илјади тони. Увозот и извозот на месни производи и месни конзерви падна за 7,8 отсто, односно за 6,5 отсто. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...