Свет

„Жабка“ го отвори 7.000-тиот објект во Полска

05 Mar 2021
Малопродажниот синџир „Жабка“ неодамна ја отвори својата 7.000. продавница во Полска, но сепак заостанува зад трговецот АБЦ во сопственост на групацијата „Еурокеш“, која поседува над 8.700 продажни места во земјата.
 
Полска може да се пофали со „разновидна“ малопродажна мрежа - покрај гореспоменатата „Жабка“ и АБЦ, главни трговци се и француските „Ошан“ и „Интермаше“, проследени со „Шпар“, „Алди“, „Мере“, „Нето“ и локалната „Биедронка“.
 
Минатата недела, „Жабка“ го отвори својот 7.000. објект во Биеч. Ова е воедно и првата продавница во овој град. 
 
Полскиот трговски синџир ја насочи својата деловна активност кон градови со помалку од 50.000 жители. Минатата година влегоа во нови 78 места. Компанијата вработува околу 25.000 луѓе.


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...