„Нилсен“ известува дека онлајн-уделот во продажбата на британскиот пазар со прехранбени производи достигна рекордни 16% во јануари, за разлика од 8%, колку што изнесуваше во јануари минатата година.
Британските потрошувачи потрошиле 1,4 милијарда фунти (1,6 милијарда евра) за купување прехранбени производи преку интернет за четири недели до 30 јануари, што е еднакво на годишен пораст од 121%. Едно од три британски домаќинства купувало преку интернет, а 770 милиони фунти (885 милиони евра) од трошењето доаѓале од нови онлајн-купувачи. Уделот од 16% е највисокото ниво од јуни 2020 година, кога тој изнесувал 14%.
Трговците на мало се во можност да ги искористат сите расположливи капацитети за достава до дома, а со поттикнувањето на услугата „клик & колект“ можат да добијат и невиден број нови интернет-купувачи, велат од „Нилсен“.
Вкупната продажба на прехранбени производи во Велика Британија се зголемила за 10,6% во јануари годинава, што е најголем пораст од јуни 2020 година.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.