Британскиот малопродажен синџир „Веитрос“ ги објави плановите за повторно лансирање на своите еколошки средства ECOlogical со нови мириси и еколошки пакувања. Трговецот ќе користи обновена и рециклирана пластика за пакувањето на некои од производите.
Со иницијативата трговецот планира да отстрани околу 4,1 тони пластика од своето работење годишно.
Сара Мејси од секторот за набавка во „Веитрос“ истакна: Нашите клиенти сè повеќе се свесни за нивното индивидуално влијание врз животната средина. Сакаат помалку амбалажи за прехранбените производи до еколошки одговорно работење во домаќинството. Со повторното пуштање во употреба на нашата популарна линија ECOlogical им даваме на нашите купувачи низа еколошки производи.
Палетата на производи за чистење ECOlogical, која се состои од 17 SKU, е веганска и вегетаријанска.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.